Одржан завршниот турнир од детските лигиКликни на сликата за поголема
Завршниот турнир од детските лиги се одржа на терените на тренинг центарот на ФФМ на 08 и 09 јуни 2013 година. Учествуваа речиси 500 деца од 30 екипи од цела Македонија. Одличната организација придонесе за прекрасната атмосфера проследена од голем број гледачи.
На програмата беа полуфиналните и финалните натпревари по што следеше свеченото доделување на пехарите и дипломите за најдобрите. Прв шампион на Македонија во натпреварувачката 2012/2013 за генерација фудбалери родени во 2000 год. стана екипата на „Работнички“ која во финалето беше поуспешна од екипата на „Академија Пандев“ од Охрид и ја совлада со 2:0. Третото место го освои екипата на „Форца“ од Скопје додека како четвртопласирана заврши екипата на ЛГ-Битола. Најдобар стрелец на завршниот турнир во оваа генарација беше Јакуп Бериша од ФК „Работнички“ додека за најдобар голман беше избран Матеј Миленков од Работнички.
Прв шампион на Македонија во генерација родени во 2003 год. е екипата на ЛГ од Битола која во финалето ја совлада „Брегалница“ од Штип со 3:2 по изведувањето на пеналите. Третото место го освои екипата на „Фер Плеј“ од Охрид која пак во малото финале ја совлада екипата на „Академија Пандев“ од Струмица со 2:1 . Најдобар стрелец во оваа конкуренција е Никола Димитровски додека најдобар голман Филип Пресилски, двајцата од екипата на ЛГ од Битола.
Во најмладата возрасна категорија, родени во 2004 година шампион стана екипата на ФК „Работнички“. На второто место се пласираше селекцијата на преспанско пелагонискиот регион која во финалето беше поразена со 1:0. Третото место го освои екипата на „Постолов Пандев“ од Штип која во натпреварот за третото место ја совлада селекцијата на југозападниот регион со 2:0. Најдобар стрелец во оваа генерација беше Стојановски Георг од ФК „Работнички“ додека за најдобар голман беше прогласен Стефан Тасев исто така од ФК „Работнички“. Пехарите и дипломите за најдобрите ги доделија Генералниот Секретар на ФФМ Димитар Зисовски, Свето Станковски, член на младинската комисија на ФФМ и Никола Аврамовски, селектор на У-14 репрезентацијата на Македонија. Благодарност од ФФМ до сите помагатели и поддржувачи на овој настан и посебна благодарност како до екипите и играчите кои настапија на завршниот турнир така и до сите останати екипи кои оваа сезона земаа учество во детските лиги, но немаа доволно среќа да се пласираат на завршниот турнир во Скопје. Извор: |
РЕЗУЛТАТИ
|
Програма на завршен турнир | |
File Size: | 107 kb |
File Type: |
Распоред на натпревари | |
File Size: | 275 kb |
File Type: |